Германскиот претседател: Пропадна сонот за „единствена европска куќа“

од Stefanija Kuzmanovska
219 прегледи

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека сонот за „единствена европска куќа“, на која повика последниот советски претседател Михаил Горбачов, пропадна.

Штајнмаер го нарече конфликтот во Украина клучна причина за разочарување во концептот на „европски дом“.

– Михаил Горбачов ни даде перспектива да создадеме единствен европски дом. Но, денес, 8 мај, се урна сонот за единствен европски дом, а на негово место дојде кошмар. Овој 8 мај е Ден на војната, рече претседателот на Германија при говорот на конгресот на Сојузот на германските синдикати.