139
Германскиот вицеканцелар Роберт Хабек утринава пристигна во ненајавена посета на Украина, соопшти германското министерство за енергетика и економија.
На дневен ред е обновата на Украина по војната, како и соработката во енергетскиот сектор, објави „Шпигел“.
Портпаролот на министерството ја потврди посетата, велејќи дека Хабек, кој е и министер за енергетика и економија, пристигнал во Киев рано утринава.