Германскиот вицеканцелар против „Северен тек 2“

од Vladimir Zorba
260 прегледи

Германскиот вицеканцелар Роберт Хабек, кој е и министер за економски прашања и заштита на климата, вели дека пуштањето во употреба на гасоводот „Северен тек 2“ ќе ја зголеми зависноста на неговата земја од рускиот гас, принудувајќи ги властите да ги диверзифицираат рутите за снабдување со гас. Ваквото мислење тој го искажа во интервјуто објавено во саботата од медиумската групација „Функе“.

„Од геополитичка гледна точка, Северен тек 2 ја зголемува не само зависноста од рускиот гас, туку и фокусот на рутата за снабдување која е крајно ранлива“, рече Хабек. „Северен тек 2“ ја покренува потребата за диверзификација на нашите извори за снабдување со гас. Настаните од последните недели и конфликтот во источна Украина ја зголемија нашата загриженост дека испораките на руски гас се против германските интереси“, рече тој.
„Треба подобро да се подготвиме за следната зима“, додаде Хабек.

„Геополитичката ситуација, исто така, не принудува да создадеме други можности за увоз и диверзификација на патиштата за снабдување, што вклучува развој на инфраструктурата“, посочи тој.

Според Хабек, ова прашање е од областа на безбедносната политика.

„Треба да дејствуваме овде и да обезбедиме подобра заштита. Ако не го сториме тоа, ќе станеме играчка“, рече вицеканцеларот.

Хабек истакна дека пазарот на гас во Германија во моментов не е регулиран на кој било начин.

„Досега немавме можност за државна интервенција. Ваквата состојба не треба да продолжи“, рече тој.

Слични содржини