И покрај глобалните проблеми што ја засегаат, германската автомобилска индустрија извезла повеќе возила во 2024 година отколку претходната година.
Повеќето отидоа во САД, чиј претседател Доналд Трамп се заканува со нови царини.
Германија минатата година извезла околу три и пол милиони нови автомобили ширум светот, во вкупна вредност од 135 милијарди евра, покажуваат податоците на Сојузниот завод за статистика.
Обемот на извозот е зголемен за 2,5 отсто во однос на претходната година, иако вредноста на извозот е благо намалена за 1,3 отсто.
Најголемо учество во извозот имаа САД со 13,1 отсто, потоа Велика Британија со 11,3 отсто и Франција со 7,4 отсто, објави институтот.
Германија истовремено увезла околу 1,8 милиони автомобили, што е намалување од 11,5 отсто по обем и 12,8 отсто по вредност.
Трамп се закани дека ќе воведе царина од 25 отсто за автомобилите од Европската унија. Конкретно соопштение за ова е планирано за почетокот на април.
Досега царината за автомобили од ЕУ во Америка беше 2,5 отсто.
Дополнителните давачки ќе и наштетат на целата европска автомобилска индустрија, особено на Германија.
Американскиот пазар е еден од најважните за сите германски производители.
Минатата година речиси секое трето Porsche и секое шест BMW беа продадени во Северна Америка, додека Volkswagen, Audi и Mercedes имаа пазарен удел од 12 до 15 проценти.
Тарифите од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум во Америка веќе се на сила. Брисел одговори со контрамерки за низа производи од Америка, вклучувајќи бурбон и мотоцикли.