Германските автомобилски гиганти се уште се под притисок

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Економските услови за германските производители на автомобили и нивните добавувачи останаа напнати во декември, покажува најновото истражување на минхенскиот институт за економски истражувања „Ифо“.

Показателот за тековните услови за германската автомобилска индустрија сепак се зголеми од минус 1,5 поени во ноември на плус 1,5 поени.

„Од поширока перспектива, германската автомобилска индустрија се чини дека е во подобра позиција денес отколку кон крајот на летото 2022 година“, рече Оливер Фалк, директор на Ифо Центарот за организација на индустријата и новите технологии. Сепак, производителите остануваат внимателни во врска со очекувањата за следните месеци, додаде тој.

Уште во септември, автомобилската индустрија очекуваше остар пад на приходите во втората половина од годината. Сега се враќа довербата, особено кај производителите на автомобили, бидејќи побарувачката за купување автомобили падна помалку во декември во споредба со претходниот месец. Според Ифо, состојбата со нарачките е стабилизирана, а производителите се значително позадоволни од своите нарачки.

Но, сè уште има проблеми со недостигот на суровини, поради што производителите не можеа да исполнат некои нарачки. Очекуваат подобрување на сликата во оваа област во наредните месеци.

Сепак, се уште постои тензична ситуација меѓу добавувачите. Во негативната зона во текот на декември се движеа и показателите за тековните состојби и деловните очекувања. Во исто време, Флак истакнува дека „барем асортиманот на интермедијарни производи“ донекаде се подобрува.

Во декември, 55 отсто од добавувачите пријавиле проблеми со снабдувањето со суровини, што е најлош резултат од август 2021 година, кога првпат добавувачите беа прашани за ова од „Ифо“.