Германските бизнисмени во земјава го поздравуваат пролонгирањето на прогресивното оданочување

од Aleksandar Petrovski
255 прегледи

Делегацијата на германското стопанство во државава ја поздравува одлуката на Владата за прологирање на прогресивното оданочување. Оттаму денеска информираа дека уште на почетокот на годината се спротиставиле на прогресивното оданочување и на зголемувањето на данокот на доход.

– Изразивме и критика кон не вклучувањето на приватниот сектор во изготвувањето на законската одлука, што создаде дополнителна неизвесност кај компаниите. Се чини дека Владата воочи дека прогресивното оданочување, како што беше и нашата претпоставка, допринесе за даночно затајување и зголемување на сивата економијата. Со актуелната одлука Владата се доближува кон потребите на стопанството, истакнува Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во денешната изјава.

Тој посочува дека во понеделникот се сретнал со министерката за финансии Нина Ангеловска која го информирала дека резултатите што се очекувале од прогресивното оданочување се уште не се постигнати и оти во периодот што следи Владата сака да се фокусира на оптимални, фер и ефикасни решенија.

Слични содржини