Германските компании очекуваат зголемување на продуктивноста со помош на AI

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Повеќето компании во Германија очекуваат да постигнат поголема продуктивност со помош на вештачка интелигенција (AI), според минхенскиот институт IFO. Во следните пет години во просек очекуваат раст на продуктивноста од осум до 16 проценти.

Давателите на услуги и трговците на мало очекуваат најмногу од вештачката интелигенција. Првите пресметуваат дека со помош на оваа технологија продуктивноста ќе се зголеми за 10,2 до 20,9 отсто во следните пет години, а вторите дека зголемувањето ќе биде од 9,1 на 23 отсто, објави Институтот IFO, пишува Seebiz.

По нив следат компаниите од преработувачката индустрија (7,8 до 17,3 проценти). Компаниите од градежната индустрија имаат најниски очекувања во однос на влијанието на вештачката интелигенција врз продуктивноста, предвидувајќи раст меѓу 8,2 и 14,8 отсто.

Слични содржини