Германските компании се помалку зависат од увоз од Кина

од Vladimir Zorba
245 прегледи

Германските компании се помалку зависат од увозот од Кина во споредба со периодот пред избувнувањето на војната во Украина во февруари 2022 година, се вели во извештајот на Институтот за економски истражувања Ифо од Минхен.

Според истражувањето, околу 37 отсто од анкетираните германски производствени компании наведуваат дека зависат од увозот на интермедијарни производи од Кина.

Во февруари 2022 година, непосредно пред почетокот на војната во Украина, овој процент бил поголем и изнесувал 46 отсто, според Ифо.

Уделот на германските компании кои се потпираат на важни инпути или стоки од Кина се намали и во индустријата и во трговијата.

Спротивно на тоа, уделот на германските компании кои добиваат значајни инпути од сопствените производствени капацитети во Кина практично не е променет во однос на последното истражување и изнесува 11 отсто.

Главните причини за планираното намалување на увозот од Кина се растот на политичката неизвесност и желбата на компаниите да ги диверзифицираат своите извори на снабдување, се заклучува во извештајот на Институтот за економски истражувања.

Слични содржини