Германските компании се повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата

од Vladimir Zorba
6 прегледи

Германските компании вработуваат помалку нов персонал и се повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата, се вели во извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања IFO од Минхен, за месец ноември.

Показателот кој ја мери подготвеноста на германските компании да вработуваат падна од 93,6 поени во октомври на 93,4 поени. Особено тешка состојба владее во германското производство, каде поради падот на нарачките се намалува и потребата од работници, а слична состојба владее и во трговијата.

Во ноември 17,8 отсто од производствените компании користеле намалено работно време, што претставува зголемување во однос на августовските 14,3 отсто.

Гледано во секторите, намаленото работно време најмногу користеле компаниите од производството на метали 41,7 отсто, производителите на мебел 33,7 отсто, како и компаниите од автомобилската индустрија 27,2 отсто, производството на електрична опрема 26,9 отсто и машинската индустрија 21,4 отсто, пренесува Танјуг.

Кај давателите на услуги, бројот на вработени се очекува да биде константен, што важи и за градежниот сектор.

Сè повеќе компании го суспендираат вработувањето на нови работници и размислуваат за отпуштања, предупреди менаџерот за истражување на IFO, Клаус Ворабе.

Слични содржини