Германските Зелени бараат од ЦДУ да ги елиминираат проруските врски во нивната партија

од Даниел Ѓорѓиевски
26 прегледи

Политичарите од германската партија Зелени ги повикаа Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и нејзиниот лидер Фридрих Мерц што поскоро да ги елиминираат проруските врски во нивната партија, остро критикувајќи ги изјавите на членот на партијата Михаел Кречмер за можноста за ублажување на санкциите кон Москва, објавија денеска германските медиуми.

Зелените нагласија дека „пријателите на Путин“ не треба да играат улога во коалициските преговори во Германија, пренесува Дојче веле.

Претставничката на фракцијата на Зелените во Бундестагот, Брита Хаселман, го критикуваше Кречмер, премиерот на покраината Саксонија, за неговите изјави за рускиот претседател Владимир Путин додека тој продолжува да ја бомбардира Украина.

Слични содржини