Германските тајни служби сериозно ја ограничиле соработката со американската Агенција за национална безбедност (АНС) во одговор на скандалот во последниве години , објавен од “Франс прес” и “Дојче Веле”.Во 2013 година стана јасно дека американската агенција ги шпионирала европски официјални лица и компании.
Оваа недела германската разузнавачка агенција BND престана да споделува следени по интернет информации на Агенцијата за национална безбедност, предавајќи податоци само од факс и телефонски повици, забележуваат германските медиуми NDR, WDR, DPA и весник Sueddeutsche Zeitung.
Се додава дека американскиот орган не може да изврши барања на Берлин во краток рок.
Ова дефинитивно е драматичен чекор , изјави пратеникот од Зелената партија Константин фон Ноц кој е од парламентарната комисија која гииспитува активностите на АНС.
Околу 120 вработени на BND и неколку технички соработници на АНС работат заедно на посебна база на германското разузнавање во јужната сојузна покраина Баварија.
Германски медиуми забележуваат дека тие шпионирале не само осомничени екстремисти и криминалци, туку и француското претседателство, Европската комисија и дури Airbus Group.
Владата во моментот не сака да ја изнесе листата со дадените кон АНС барања , кои се оправдаат со тековните консултации со Вашингтон.
