Германци се ,а го сакаат Путин и ги мразат САД: Што е тоа?

од desk3
129 прегледи

Тие ги отфрлаат ЕУ, НАТО, САД и, се разбира, ТТИП, но се воодушевени од Путин и неговите освојувања – две германски партии неочекувано се наоѓаат во братска прегратка. Дополнително што едната е крајно левичарска, а другата – крајно десничарска.

0,,18789161_303,00
Ексцесите секогаш имаат допирни точки – оваа констатација се потврдува повторно и повторно. Така, на пример околу изборите во неколку германски провинции Левата партија и “Алтернатива за Германија” се покажаа во ситуација на интензивна размена: избирачи на Левата партија го сменија сменија кампот и се запишаа кај националистите од “Алтернатива за Германија”. Тоа не е никаква изненадување. Двете партии и нивните приврзаници го мислат истото за голем број прашања: тие ги отфрлаат ЕУ, НАТО, САД и, се разбира, ТТИП – американскиот проект за “поробување” на Европа.

Во исто време и едните и другите се воодушевени од рускиот претседател. Цели 31 проценти од клиентелата на Левицата и 30 отсто од приврзаниците на “Алтернативата” веруваат на Путин повеќе отколку на германската канцеларка. Војните кои тој ги води во Украина и во Сирија, како и позите на силен мажјак како воопшто да не ги вознемируваат овие луѓе, напротив – ги привлекуваат . Токму овие луѓе ги формираат заедниците каде руската антизападна пропаганда наоѓа плодна почва. Во споредба со Левата партија и “Алтернатива за Германија”, ентузијазмот на Путин кај приврзаниците на традиционалните партии е празен. Следбениците на овие партии немаат доверба во рускиот претседател. Официјалната германска политика исто така не смее да промовира таква доверба.
www.faz.net