Повеќе од 50 проценти од Германците сакаат петардите да бидат забранети за новогодишната ноќ, покажа едно неодамнешно истражување.
Забраната за петарди и други пиротехнички средства за Нова година ја поддржуваат повеќе од 50 проценти, а 36 проценти се против забраната, објави Институтот YouGov.
Според возраста на испитаниците, за забрана се најмногу (63 проценти) граѓани на возраст над 55 години, покажа истражувањето на медиумската куќа Редакциска мрежа на Германија (РНД).
Во исто време, организирани огномет поддржуваат повеќе од 84 проценти од испитаниците.
Организациите за заштита на животната средина со години ги повикуваат граѓаните да се воздржат од купување пиротехнички производи, поради големата количина на штетни микрочестички.
Метеоролошките служби во новогодишната ноќ бележат највисоко ниво на загадување со микрочестички. Голем број германски градови веќе воведоа забрани или ограничувања за употреба на петарди.
Во Берлин се забранети на места каде има масовни дочеци на Нова година, како што е просторот Бранденбуршката порта.
Продажбата на пиротехнички производи во Германија е ограничена на неколку дена во пресрет на Новата година, а активирањето е дозволено само на преминот од старата во Новата година
Минатата година во Германија се продале петарди и пиротехника во вредност од 133 милиони евра.