Германците за четиридневна работна недела

од Берта Китинска
256 прегледи

Поголемиот дел од германското население сака четиридневна работна недела, со услов бројот на работните часови да остане ист.

Станува збор за модел кој неодамна е применет во Белгија. Вработените може да бираат дали сакаат да работат четири дена по 10 часа дневно, или пет дена по осум часа дневно, и со тоа бројот на работни часови неделно нема да биде променет.

Белгијците дадоа можност на работниците да бираат, а според истражувањето 71% од Германците би прифатиле четиридневна работна недела.

Според истражувањето, 71 отсто од Германците би сакале ваков модел и во Германија, на што се противат 22 отсто од испитаниците.

„Белгискиот модел“ има најголема поддршка, 81 отсто, кај возрасната група од 30 до 44 години, а кај високообразованите со 75 отсто.

Слични содржини