Герсимовски: „Скопје 2014“ е „налудничав“ проект – на еден мал ветер летаат фасади

од Берта Китинска
678 прегледи

Кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ, Горан Герсимовски  смета дека проектот „Скопје 2014“ е „налудничав“, каде дел од проектите не се поставени на соодветни позициите.

-Сметам дека „Скопје 2014“ е една да не се изразам лошо „налудничав“ преокт кој остави многу белези на Центарот на Скопје, имаме доста проекти кои не се поставени на  соодветни  места и позиции кои не се квалитетно направени. Залутавме во делот на антиката со еден мал ветер летаат фасадите од поголем дел од зградите.Ние како влас и како општинско раководство најдовме начин како да се стопираат Шпанските скали, Тркалото, галиите…, вели Герсимовски во емисијата „Само Вистина“.

Слични содржини