Една од најемотивните балади што Аца Лукас ги има снимено во кариерата досега е песната насловена „Lešće“.
Во својата автобиографска книга, тој објасни како настанала оваа тажна песна и каква трагедија го инспирирала текстописецот да ја напише.
– Песната „Lešće“ е посветена на мој пријател кој почина од последиците од дрогирањето и е повик до сите да кажат НЕ на дрогата. Песната е напишана во 1985 година и сите од мојата генерација ја знаеја на Карабурма уште пред да ја снимам. Таа песна морав да ја снимам и испеам, бидејќи таа е нераскинлив дел од мојот живот – рече Аца и продолжи:
– Иако понекогаш во моето око, додека ја пеам, другите не забележуваат солза, душата ми плаче. Песната е инспирирана од приказната за една девојка од Карабурба која секој ден оди на гробиштата „Lešće“ и носи цвеќе на гробот на своето починато момче. Починал од последиците на дрогирањето. Секој пат пред да ја испеам, сакам да ѝ објаснам на публиката на кого ја посветувам – на мојот покоен пријател, кој исто така почина од последиците на дрогата. Никогаш не сакав да снимам спот за таа песна, бидејќи знаев дека тоа би била мојата последна снимка.