„Ги мразам Русите“: Русија протерува вработена во норвешкиот конзулат

од Stefanija Kuzmanovska
276 прегледи

Властите во Русија ѝ наредија на вработена во норвешкиот конзулат да ја напушти земјата, пренесоа странските медиуми.

Официјална Москва стапила во контакт со амбасадорката на Норвешка и ѝ наложила дека вработена во конзулатот мора да ја напушти Русија, бидејќи кажала дека „ги мрази Русите“.

Како што е наведено, станува збор за вработена во конзулатот во Мурманск, која била снимена како среде разговор во лутина вели дека ги мрази Русите.

Елизабет Елингсен се налутила бидејќи ѝ требало многу време за да се реши недоразбирање во едно од сместувачките места каде што престојувала и дека просторијата во која се наоѓала не била доволно чиста.

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека, иако официјален Осло се извини за однесувањето на Елизабет Елингсен, таа мора да ја напушти земјата.

– Го зедовме предвид соопштението на норвешкото министерство за надворешни работи во кое тие изразија жалење за инцидентот. Во исто време изјавивме дека Елингсен не може да остане во земјата по овој инцидент – изјави портпаролката на руското министерство, Марија Захарова.

Слични содржини