Ги снимал полицајците додека умирале: Австралијанец осуден на 10 месеци затвор

од Stefanija Kuzmanovska
336 прегледи

Австралијанец беше осуден на 10 месеци затвор за снимање полицајци додека тие умирале на местото на сообраќајна несреќа.

Ричард Пусеј (42) е во притвор скоро 300 дена и ќе ја издржи казната за неколку дена.

Судијата ја нарече неговата постапка „бездушна, сурова и срамна“.

Овој случај предизвика силна реакција во јавноста. Судијата Тревор Врајт рече дека медиумите го демонизирале Пусеј до тој степен што тој бил „веројатно најомразениот човек во Австралија“.

Пусеј минатата година возел автомобил на автопатот во Мелбурн по што бил запрен од полицијата.

Во моментот кога сакале да го уапсат, четворица полицајци и една полицајка биле прегазени од камион кој излетал од својата лента.

Полицајците Линет Тејлор, Кевин Кинг, Глен Хамфрис и Џош Пресни починаа на самото место.

Пусеј стоел на неколку метри и успеал да го избегне камионот. Потоа го извадил мобилниот телефон и започнал да снима.

На судот било прикажано како стои над полицајката Тејлор и ја исмева додека била приклештена под камионот. Експертите велат дека таа во тоа време најверојатно била жива.

„Еве го тоа. Неверојатно, апсолутно неверојатно. Сè што сакав беше да одам дома и да јадам суши“, рече Пусеј и додаде дека полицајците го уништиле неговото Порше.

Набрзо избегал од местото на настанот, а уапсен е следниот ден и е обвинет за брзо возење, поседување дрога и несовесно однесување.

Полицијата открила и дека Пусеј го споделил видеото со неговите пријатели.

Возачот на камион Мохиндер Синг беше затворен на 22 години. Судот утврди дека возачот на камионот бил дрогиран и халуцинирал.

Слични содржини