Северина повторно подготвува изненадување за своите фанови.
Пејачката интензивно работи на новиот албум, а за „Нови лист“ раскажа како тој ќе изгледа.
„Она што можам да го кажам за новиот албум е дека всушност ќе издадеме два албума во период од три месеци, како А и Б страна. Секоја песна на албумот е вредна и добро осмислена, различна и, може да се каже, модерна, и затоа решивме дека нема веднаш да извадам 12 песни“, изјави Севе.
Таа во продолжение откри дека албумот ќе се вика „Sorry, sorry“, но и со кој познат музичар соработувала на новиот проект.
„Албумот ќе се вика Sorry, sorry. Не напишав ниту една песна за новиот албум, но дадов идеи за аранжман, а како изведувач практично научив поинаков начин на пеење од почеток за одредени песни. Брега ни отстапи соло од ‘Lipe cvatu’ за една песна, ќе биде интересна комбинација“, рече пејачката.
Северина додаде дека јавноста ќе има можност да ја слушне „Sorry, sorry“ најверојатно наесен, но и дека веќе напролет ја очекува турнеја. Таа имаше интересен одговор и на прашањето кој албум би сакала да го избрише.
„За да не ги навредам колегите, ќе ја изберам мојата Bambola la bambola. Би го избришала целиот албум Severgreen бидејќи го снимив во лош период, па не ми се допаѓа“, беше искрена поп ѕвездата.
Да потсетиме, на албумот Severgreen се хитовите „Шта ме сад питаш шта ми је“, „Из главе“, „Брош“, „Нити с тобом нит без тебе“…