Четворица полицајци биле застрелани откако биле вовлечени во заседа во западно Мексико, а осуммина осомничени напаѓачи биле убиени во судир со друга полициска единица која дошла на местото на настанот, соопштија властите во четвртокот.
Луис Хоакин Мендес, главниот обвинител на западната држава Халиско, изјави дека четворица општински полицајци во градот Ел Салто одговориле на повикот во средата вечерта за вооружени луѓе во куќа. Кога пристигнале, една жена ја отворила вратата и им рекла дека се е во ред. Но, вооружените мажи кои биле внатре отвориле оган врз полицајците, од кои некои биле одвлечени во куќата и убиени, рече обвинителот.
Официјални лица рекоа дека се појавило полициско засилување и се вклучило во престрелки со осомничените, при што убиле осум лица и раниле тројца. Обвинителството подоцна соопшти дека во куќата биле пронајдени девет тела – четворица полицајци и петмина осомничени вооружени напаѓачи. Уште три тела – двајца мажи и една жена – биле пронајдени во близина на имот.
Обвинителите рекоа дека убиените најверојатно биле членови на банда.