Giannini Uso

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Италијанската компанија Giannini Automobili сега на купувачите им го нуди електричниот двосед Uso, по цена од 28.500 евра.

Uso е долг само 3170 mm (без монтирано резервно тркало), широк 1615 mm и висок 1610 mm.

Големината на товарниот простор е 1100 x 750 x 500 mm, додека носивоста е 250 kg.

Исто така, Uso има мал дополнителен багажник напред.

Опремата вклучува климатизација, греење на шофершајбната и задните прозорци, како и навлаки за седиштата од кожа или ткаенина отпорна на абење.

Електромоторот се наоѓа на задната оска и ги придвижува задните тркала, а има 30 kW/40 КС и 120 Nm, што е доволно за максимални 90 km/h.

Со едно полнење на батеријата од 21 kWh, автономијата според најавите на фабриката е 235 km.

Giannini ветува дека ќе ја произведе секоја нарачана копија во рок од 5 месеци. Гаранцијата е 2 години и 4 години за батеријата.