Состојки:
– 500 гр тенки кори за пита
– 2 главици кромид
– 400 гр шампињони
– 4 лажици ајвар
– 2 дл кисела вода
– 1 дл масло
– сол, бибер
Подготовка:
Кромидот исечкајте го на коцки, а шампињоните на листови. Во сопствениот сок пропржете ги кромидот и печурките додека не испари вишокот течност.
Кон крајот на динстањето додадете го ајварот, зачините по вкус и кратко пропржете.
Премачкајте тркалезна тава, па прво ставете две кори. Нанесете малку фил и покријте го со кора, па премачкајте со мешавина од масло и кисела вода.
Постапка на полнење – кора – фил – кора – премачкување со масло и кисела вода додека не се потроши целиот материјал. Завршете со кора, премачкајте ја со смесата од масло и кисела вода и напикајте ги краевите.
Се пече во загреана рерна на 200 степени додека не порумени.