Гигант нова мета на сајбер криминал: Се бара најголемата откупнина во историјата

301 прегледи

Добро познатата технолошка компанија беше хакирана од сајбер-криминалци.

Според „Форбс“, сајбер криминалците ги нападнале компјутерите што ги користеле вработените во „Acer“, барајќи откуп од дури 100 милиони долари со цел да ги дешифрираат уредите и да ги вратат сите податоци

Неофицијално, ако Ејсер се согласи да плати откуп веднаш, хакерите ќе бидат задоволни со 50 милиони долари, или половина од првично побараната сума.

Компанијата не се огласи официјално за да го потврди нападот, но се наведува дека тие пријавиле „необична ситуација“ кај властите.

Ако Ејсер се согласи да ги плати овие 50 милиони долари, тоа ќе биде највисокиот откуп за компјутерски криминал досега, а претходниот неславен рекорд „го држи“ Dairy Farm, кој побаруваше дури 30 милиони долари.

Да потсетиме, неодамна, гејмерското студио ЦД Пројект Ред беше мета на сајбер криминалци, кога сето тоа кулминираше во фактот што тие го продадоа изворниот код за Cyberpunk 2077, а во исто време ажурирањето беше одложено.

Слични содржини