Американскиот производител на автомобили „Форд мотор ко“ вчера објави дека годинава ќе затвори три свои фабрики во Бразил.
Како причина ги наведуваат „отежнувачките даночни услови“ предизвикани од пандемијата на коронавирус. Официјалните лица од Форд велат дека овој потег е последица на глобалниот план за преструктуирање, кој треба да му донесе на гигантот профит од 11 милијарди долари.
Затворањето на фабриките во Бразил ќе влијае на околу 5.000 работници, главно бразилски државјани, беше објавено од Форд. Сите автомобилски компании наидоа на бројни предизвици и проблеми во оваа криза, освен Тесла.
За потсетување, есента 2020 година, Форд донесе одлука до летото оваа година да испрати дури 32 000 вработени во САД да работат од дома. Компанијата со седиште во Детроит, основана пред 118 години, упорно се обидува да преживее и да го одржи својот бизнис.