ИТ гигантите му плаќаат на АдБлок Плус за да не блокира реклами

од Vladimir Zorba
109 прегледи
Фајненшл Тајмс пренесува дека АдБлок Плус, една од најпопуларните екстензии за прелистувачи за криење на реклами, добива сериозни „донации“ од Гугл, Мајкрософт, Амазон и други компании за да ги вклучува во Белата листа.b721d28d002e052f81b2c6907b2ad7c7_details_big
Одамна знаеме дека рекламите на Гугл се вклучени „по дефолт“, но трансакциите со Амазон, Мајкрософт, Табула и други корпорации не беа обелоденети.
Eјeo, компанијата зад АдБлок Плус, сподели дека допушта само ненаметливи реклами, сакајќи да ги стимулира сопствениците на онлајн медиуми и огласувачите да користат ненаметливи формати.
Екипата ги користи износите од трансакциите со споменатите имиња, за да го финансира развојот на АдБлок Плус.