Ѓилас: Србија ќе заврши како Белорусија ако не ја усогласи надворешната политика со таа на ЕУ

од Vladimir Zorba
189 прегледи

Србија ќе заврши како Белорусија ако не ја усогласиме надворешната политика со политиката на Европската унија, предупреди Драган Ѓилас, претседател на Партијата за слобода и правда (СПП), кој смета дека на пролет ќе има избори во Белград и дека опозицијата ќе победи.

„Во ноември се очекува Косово да влезе во Советот на Европа. Има информации и дека две големи компании, една од Јапонија и една од Западна Европа, се откажале од инвестиции во Србија“, рече Ѓилас во утринската програма на телевизијата „Нова С“.

„Министерството за надворешни работи на Германија почна да прашува дали да се инвестира во Србија, дали инвестициите се безбедни овде“, истакна тој и изјави дека започнал бранот на кој предупредил.

Војната трае осум месеци, светот е поделен, ние сме од оваа страна на „Берлинскиот ѕид“ и ако не се договориме со ЕУ, како мала земја, ќе ги трпиме последиците, предвиде Ѓилас.

Инвестициите ќе се намалат, компаниите ќе почнат да се повлекуваат, нашиот извоз ќе биде загрозен, луѓето ќе останат без работа и без плати, прецизираше тој и нагласи дека „тоа мора да го спречиме“.

Слични содржини