Ѓилас: Во затвор треба да биде и врвот на државата со кој Беливук беше поврзан

од Vladimir Zorba
326 прегледи

Претседателот на српската Партијатза слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас, во емисијата „Персона нон грата“ на ТВ Н1 рече дека е логично, по апсењето на Вељко Беливук и членовите на неговата криминална група, врвот на државата со која се поврзани, исто така, да биде во затвор.

Како што рече, тоа е само еден од многуте скандали откриени од опозицијата и ССП како дел од неа.

Лидерот на ССП верува дека се ближи денот кога СНС ќе ја напушти власта.

„Денес, Александар Вучиќ, СПС и СПАС имаат вкупно 42 проценти гласови во Белград, и ако излезат над 900 илјади луѓе – тие ќе изгубат на изборите, а за една година истите тие партии нема да имаат 50 проценти гласови во Србија, тие ќе ги загубат изборите“, вели Ѓилас.

Слични содржини