Гилман: Загрижува стравот граѓаните да се жалат на институциите

од desk3
80 прегледи

Граѓаните се исплашени да се жалат во институциите, дури и за најмали работи, вели во ексклузивното интервју за Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, меѓународниот експерт за корупција, Стјуарт Гилман, кој работи за повеќе влади во светот на теми како добро владеење и заштита од корупцијата. Во изминативе денови тој се сретна со претставници на државни институции, бизнисмени, невладини организации, претставници на мултинационални компании, медиуми…-информира инбокс7

„Беше изненадувачки колку многу граѓани рекоа дека се чувствуваат исплашени, не исплашени за нивните животи, туки исплашени за да се жалат. Тие чувствуваат дека ќе бидат казнети за тоа. Едно од чувствата кои ги имам не за сите, но за премногу, е чувството ако кажам нешто, тогаш нешто лошо ќе ми се случи. Дури и ако е жалба за мала работа. Тоа никогаш не е здраво. Без да генерализирам, тоа е нешто што треба да се испитува, како од медиумска гледна точка, така и од страна на Владата бидејќи ако тоа им го наметнувате на луѓето за да размислуваат така, ненамерно, тогаш создавате средина каде ниедна промена не може да се случи. Сметам дека Владата ќе направи добар чекор ако им олесни на луѓето дека критикувањето на Владата не е само нивно право, туку и обврска во живеењето на едно општество кое себе си се нарекува демократско“, изјави Гилман во интервјуто за СКУП-Македонија кое ќе го емитуваме утре.

Повеќе ТУКА