Гир по критиките од Мицкоски дека странските амбасадори „се мешаат: Со премиерот имаме иста цел

од Milan1
523 прегледи

Откако премиерот Христијан Мицкоски кажа дека станало пракса амбасадори да се мешаат во внатрешните работи на државата, алудирајќи на коментарите на амбасадорите за иднината на Судскиот совет, реагираше евроамбасадорот Дејвид Гир. Тој вели дека очекува соработка со премиерот со оглед на тоа дека имаа заедничка цел, „да се приклучи земјата во Европската Унија што поскоро“.

„Премиерот отвори важни прашања и тука сме согласни за потребата за реформи во владеењето на правото и ова е суштинско за европскиот пат на земјата. Секако, ќе продолжиме да се ангажираме, со премиерот, со Владата да дискутираме за најдобрите начини да се продолжи напред, како и за останатите делови од системот. Очекуваме да продолжиме со конструктивен однос, зашто делиме иста цел- да се приклучи земјата во Европската Унија што поскоро“, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир.

Мицкоски  денеска упати критика и кон судиите и обвинителите за кој рече дека земаат илјадници евра плата и дека уживаат во кожни фотелји, шетајќи се по црвени килими со два проценти доверба кај граѓаните.

-Убаво е секој месец да земате плата, а да имате два проценти доверба кај граѓаните. Таа е најубавата позиција, комфорна. Заседнати со кожни фотелји, со црвени дебели килими и секој ден да доаѓате на работа, да броите илјадници евра месечна плата, а кај граѓаните да уживате само два процента доверба. Нормално е кога некој ќе сака инвазивно да делува, да направи реформа и да го реши тоа веднаш, од друга страна да имаме одбранбен механизам којшто вели – не, ние сме против тоа, подвлече Мицкоски.

Тој рече дека би се засрамил ако има доверба од само 2 проценти и ги повика да дадат предлог.

Слични содржини