Доминик Пелико (72) од Франција, познат како „ѓаволот од Авињон“ е осуден на 20 години затвор поради силување на поранешната сопруга Жизел, што е максимална казна за ова дело.
Тој денеска заедно со уште 50 обвинети беше прогласен за виновен за тешкото силување на неговата сега поранешна сопруга Жизел, кое траеше цела деценија.
Во таа прилика на неговото лице немаше никакви емоции, но ситуацијата се промени кога ја слушна затворската казна.
Имено, како што пишуваат француските медиуми, кога слушнал дека следните 20 години ќе ги помине зад решетки, Доминик почнал да плаче.
За време на изрекувањето на пресудата, семејството го гледаше и си шепкаше меѓу себе, додека Жизел ја потпре главата на ѕидот.
А за силување се прогласени за виновни и неговите соучесници, 50 потполни непознати лица, кои ги повикал во својот дом да ја силуваат сопругата откако ја дрогирал.
Тие беа осудени на затворски казни од 5 до 13 години.