Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ призна дека од почит кон сите шампиони не сака да го именува играчот што го смета за најголем во историјата.
Триесет и шестгодишниот Србин го држи рекордот за најмногу гранслем-титули во поединечна конкуренција кај мажите (24). Вкупно има 99 АТП титули (од кои 98 во поединечна конкуренција).
– Многу ми е тешко да имам ваква дискусија. Но, мислам дека кога станува збор за тенисот, се чувствувам добро кога луѓето зборуваат за тоа. На крајот на краиштата, колку повеќе луѓе се расправаат за ова, толку повеќе се зборува за нашиот спорт, што само му користи. Но, никогаш нема да кажам кој според мене е најдобар тенисер, тоа ќе им го препуштам на другите. Во основа ја земам оваа позиција од почит кон сите големи шампиони од сите генерации – рече Ѓоковиќ на подкастот „Гуд трабл“.
Претходно, Ѓоковиќ во неколку наврати изјави дека негов главен ривал во кариерата е Рафаел Надал.