Ѓоковиќ: Сакам да играм на Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028 година

од Симе Стоиков
185 прегледи

Новак Ѓоковиќ го искористи петтото прогласување за најдобар спортист на планетата во Мадрид за да ги открие своите планови пред тамошните новинари. Најважно е што тој сè уште не размислува за пензионирање:

– Мојата најважна цел годинава е златен медал на Олимписките игри во Париз. Верувам дека е можно, да не верувам, немаше ни да играм. Секогаш мора да верувате дека се е можно во животот. Којзнае дали повторно ќе имам таква шанса. Сакам да учествувам на Игрите во Лос Анџелес во 2028 година, но никогаш не се знае што ќе се случи.

Тој објасни и зошто решил да не игра во Мадрид.

– Го подготвувам своето тело за Ролан Гарос, Вимблдон, Игрите и УС Опен и овој период е исклучително важен за мене. Планирам за две недели да учествувам на мастер во Рим. Се надевам дека следната година ќе играм во Мадрид. Сè уште сум млад, ми останува уште многу време за игра – се пошегува Ноле, кој за околу еден месец полни 37 години.

Слични содржини