263
Новак Ѓоковиќ објави дека нема да игра на Мастерсот во Мајами. Србинот неочекувано го заврши учеството во Индијан Велс веќе во третото коло со пораз од Лука Нарди, а сега, како што пренесува Спортклуб, ќе биде посветен на она што следува по Мајами.
Турнирот во Флорида годинава ќе биде прескокнат.
„Мајами е тука, ајде да видиме. Бев на теренот пред десет минути, главата ми е се уште малку жешка. Морам да си земам ден или два, а потоа да видам што сакам да правам следно“, изјави Ѓоковиќ веднаш по пораз од Италијанец.
Новак е шесткратен шампион во Мајами, а тој турнир се игра од 20 до 31 март.
Ѓоковиќ сега се подготвува за земјена подлога, а следен турнир на кој ќе настапи треба да биде Монте Карло кој започнува на 7 април.