Ѓоковиќ шокираше со изјавата за мистериозната направа на градите

од Vladimir Zorba
895 прегледи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Гренд слем турнирот во Ролан Гарос по навидум убедливата победа над Унгарецот Мартон Фучович со 7-6(2), 6-0, 6-3.

Играта и резултатот паднаа во втор план во моментот кога српскиот тенисер го соблече дресот, а за време на преносот се виде дека Ѓоковиќ на градите има лента на која е закачен непознат предмет.

Набрзо на Твитер беше објавено дека се работи за уред со нанокристали кои ја претвораат телесната топлина во светлина која се пренесува на акупунктурните точки во телото.

Сето ова и помага на меморијата да комуницира со остатокот од телото.

Слични содржини