Ѓоковиќ со ново историско достигнување

од Milan1
167 прегледи

Новак Ѓоковиќ денеска во Бризбејн го победи Гаел Монфис со 6:3, 6:3. Успехот на српскиот тенисер се покажа како рекорден во историјата на спортот.

Тоа беше 20-та последователна победа на Ѓоковиќ над Монфис, а Французинот нема победа на сите меѓусебни натпревари.

Ова се нема случено на ниту еден друг меч меѓу двајца тенисери во историјата на тенисот.

Во следното коло Србинот ќе се сретне со Рајли Опелка, кој го совлада Матео Арналди со 7:6(9), 7:6(4).

Слични содржини