39
Новак Ѓоковиќ својата победа и ја посвети на тешко повредената студентка Соња Поњавиќ, а потоа и испрати порака од далечната Австралија што побрзо да закрепне и дека е со неа.
„Тоа беше адресирано до Соња која моментално е во болница. Ѝ испраќам поддршка, за да оздрави што е можно поскоро. Бев шокиран, како и сите други, кога го видов видеото. Едноставно не ми се верува дека вакви работи се случуваат во денешно време. Не знам што се има во главата на човек да направи такво нешто, да прегази друг маж, млада жена, студент. Не знам што да додадам, освен како и секогаш, да повикам на мир и разбирање. Јас сум против насилство од секаков вид, а се чини дека него го има се повеќе на улиците“, изјави големиот шампион и спортист.