Ѓоковиќ: Задоволството е во мачењето

од Симе Стоиков
394 прегледи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го анализираше мечот против Лоренцо Музети во Монте Карло.

Најдобриот светски играч победи со 7:5, 6:2 и со тоа се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Кнежевството.

За време на средбата тој имаше и кратка дискусија со присутните, по свирежите кои доаѓаа од трибините.

„Имаше малку размена на зборови со публиката при 4:3. После тоа дојдов до моментумот, а тој го спушти фокусот. Дотогаш играше фантастичен тенис, морав многу да трчам. Ова е земја, работите брзо се менуваат, брејк предноста не е голема предност. Во вториот сет видовме ролеркостер. Мило ми е што останав силен“, изјави Ѓоковиќ по мечот.

Евидентно беше дека не му беше лесно. Многу се мачеше со жештините во Монте Карло.

„Задоволството е во мачењето, затоа ја играме оваа игра“, додаде тој.

Слични содржини