Ѓорчевска се пласираше во финалето на турнир во Кипар

Утрешното финале во Кипар ќе биде можност за Ѓорческа да го освои првиот трофеј во 2024 година.

од Бети Божиноска
279 прегледи

Mакедонската тенисерка, Лина Ѓорческа се пласираше во финалето на турнирот во Ларнака, Кипар откако славеше против Нурија Бранкацио (Италија) со 2:0 (7:5, 6:4).

Утрешното финале во Кипар ќе биде можност за Ѓорческа да го освои првиот трофеј во 2024 година.

Противничка на Ѓорческа ќе биде петтата носителка на турнирот, Луција Ќириќ Багариќ (20) од Хрватска, која избори пласман во финалето откако нејзината ривалка Андреа Лазаро Гарсија од Шпанија го предаде мечот по првиот сет, кој Ќириќ Багариќ го доби со 6:0.

Хрватската тенисерка се наоѓа на 214.то место на ВТА листата што е нејзин најдобар ранг во кариерата. Таа воедно во 2024 година игра во извонредна форма има 21 победа и еден предаден меч, притоа има победи на три од четирите турнири на кои настапила (Хамамет 2 и Монастир 1).

Наградниот фонд на турнирот изнесува 25 илјади американски долари

Слични содржини