Ѓорги Спасов: Толковник на соништата- за Никола Груевски

од desk3
294 прегледи

Gorgi_spasov_02

Толковник на соништата- за Никола Груевски

Никола:

1.Ако го сонуваш Кежаровски.
-Ке те апсат припадници на специјалните сили , ноќе пред твоите деца и пред жената и ќе те одведат во притвор, за нешто што си кажал или напишал пред 5 години по што ќе бидиш осуден на најмалку 5 години затвор.
2. Ако го сонуваш братот Љубе Бошковски.
-Ќе те апсат во некој ресторан, па потоа ќе те легнат пред камерите од сите телевизии на улица, „како говедо„ и со користење на заштитен сведок кој ти дал пари, ќе те осудат најмалку на 7 години затвор за „нелегално финансирање на партијата„.
3. Ако го сонуваш Велија Рамковски.
-Ќе бидеш фатен во некоја криминална „пајажина„. Ќе бидеш осуден на 12 години затвор а заедно со членови на твојата фамилија и соработниците ќе добиете вкупно 108 години затворска казна.
4.Ако го сонуваш Фијат Цаноски.
Ќе ти уриваат еден од четирите стана на мама Нада, со оние „модерни волови„ и со динамит. „Ќе ти тече низ пантолоните„. Ќе му ја нудиш на Заев партијата само за да не ти го уриваат станот.
5.Ако го сонуваш Иво Санадер.
Ќе те уапсат во странство. Ќе ти се суди за корупција и перење пари преку „Република„ и „Тотал Маркетинг„ Ќе те осудат на осум години затвор и да ги вратиш сите украдени пари.
6.Ако го сонуваш Кондоминас.
Ќе бидиш осуден за аферата „Аналитико„ и парите со кои Кондоминас те корумпирал уште пред да станеш премиер.Но и за два и пол милиони евра земени за повлекување на потерницата против Кефалојанис, за размена на зградите со Телеком и за низа други криминални бизниси.
7. Ако го сонуваш Ален Зекиров.(бодигард на Сашо Мијалков и директор на „Аналитико„)
Ќе направиш сообраќајка(како неговата) со смртни последици и по пет години ќе бидиш осуден само на 6 месеци условно.
8. Ако го сонуваш Заев со „бомбите„
-Ќе побудалиш.
9.Ако го сонуваш Слободан Богоевски.
Ќе те осудат за аферата со Маѓар Телеком, за местење на судски процеси и осудувања невини лица.
10. Ако го сонуваш Ване Цветанов.
-Мајка ти Нада ќе ја моли затворската управа преку медиумите, да те пуштат да се браниш од слобода заради нарушено здравје.

11. Ако го сонуваш Мартин Нешковски.
– Нема да имаш сон со денови и недели.
12.Ако го сонуваш кумот Ставревски.
Ќе те бркаат „лудаци„ затоа што си трошел за чоколада а не си имал ниту за леб.
13. Ако ја сонуваш Гордана Јанкуловска.
Ќе се скараш со кумот Ставревски.
14.Ако сонуваш дека шеташ по Водно.
Ќе те апсат за некој плац што си го купил „за џабалук„
15.Ако го сонуваш Владимир Пешевски.
Ќе те брка нилски коњ.
16.Ако го сонуваш Саше Политико.
Пак ќе те прашуваат за мерецедесот кој чини 600 илјади евра каков што никој не купил во Источна Европа.
17.Ако го сонуваш Миле Јанакиевски.
-Ќе отвораш црни вреќи во кои се наоѓаат избирачките списоци по завршениот прв изборен круг, за да видиш кој не излегол на гласање.
18.Ако ги сонуваш човечињата од Пустец.
-Ќе ти судат за издавање лажни лични карти и пасоши и фалсификување на избори.
19.Ако го сонуваш Андреј Жерновски.
Голема маса на луѓе ќе влезе во твојот кабинет и ќе ти удрат неколку јаки шамари, а тоа не е кривично дело.
20.Ако го сонуваш Сашо Мијалков.
-Значи дека си веќе во затвор. Не бери гајле. Одмори се.

21. Ако го сонуваш Субрата Рој.
-Ќе те прашаат што доби тој во замена за државјанството што им го подари на неговата сопруга и на синот(за економски развој на Македонија) и кај се 20те илјади крави заедно со казино туризмот во Охрид.
22.Ако го сонуваш Александар Македонски.
Ќе мисли дека си Букефал.
23. Ако го сонуваш Гоце Делечв.
Ќе те праша: како не ти е срам да ги ставаш светите букви ВМРО пред името на твојата партија.
24. Ако ја сонуваш Катица Јанева.
– Ќе преминиш на интензивна доза од дијазепам.
25. Ако сонуваш Кинези?
– Ќе те апсат за поткуп на кинескат компанија која ги гради автопатиштата во Македонија и ќе треба да вратиш 25 милиони евра од Белизе во Македонија.
26. Ако го сонуваш Амди Бајрам.
Пак ќе ти ја пее Сербезовски на ромскиот бал: „Зашто су ти косе побелел друже, зар и тебе нешто у животу мучи.„
27. Ако го сонуваш Баболис од грчката, градежна компанија „Актор„
-Ќе те апсат за перење на 3.и пол милиони евра, кои се извадени во кеш од банката во Неготино, а се пари на европската банка за изградба на автопатот Демир Капија Смоквица.
28. Ако го сонуваш Ден Дончев.
Ќе те апсат за продажба на Македонска банка, и земањето на еден и пол милион во кеш од Газда Нини уште пред да станеш премиер
29.Ако го сонуваш Али Ахмети.
-Значи дека веќе го уапсиле Муса Џафери.
30. Ако го сонуваш Стевчо Јакимовски.
Значи дека ќе те удри Гром во најскоро време
.
31. Ако го сонуваш Душко млекарот од Битола.
– Ќе бидиш уапсен и осуден под лажно обвинение дека си посадил и одгледувал марихуана, а за секој ден поминат во затвор ќе ти биде платено обесштетување во висина од 50 денари за поминат ден односно во вредност од една кутија цигари за поминат ден во затвор.
32. Ако го сонуваш Латас.
-Некој гадно ќе те излаже., и ќе ти се смее в лице додека мисли дека те прави будала.
33. Ако го сонуваш Миленко Неделковски.
– Ќе објават фотогарфија на твоето малолетно девојче на Фејсбук, под која некој монструм ќе пишува дека „заради неговиот изглед„ се ти е простено. Или ќе те фатат како продаваш лажни визи за Америка и те осудуваат условно по што ќе станеш водител на ноќно Тв шоу во кое ќе ти гостува премиерот.
34. Ако го сонуваш Срѓан Керим.
-Ќе пренесуваш пари во големо шише преку граница.
35.Ако го сонуваш Путин.
-Ќе се разбудиш во кревет со Ердоган.
36. Ако сонуваш дека издржуваш казна во затворот во Идризово.
-Ќе ти се исполни сонот.
37.Ако сонуваш дека во затворот ти паднал сапунот.
-Исто така ќе ти се исполни сонот.
38.Ако сонуваш дека некој друг маж гол се пикнал во твојот кревет.
-Провери дали сонуваш или си буден.
39.Ако ја сонуваш „Коза Ностра„
-Пак некој ќе прави мајтап на твоја сметка.
40.Ако го сонуваш Ранко Петровиќ.
– Ќе добиеш Златна бубамара за најголем криминал во историјата на Македонија.

41. Ако го сонуваш Скопје 2014та?
-Судијата ќе се мисли дали да те осуди на 20 или само на 14 години затвор.
42.Ако ја сонуваш Чочоровска?
-Ќе те прашаат кај заврши огромната количина кокаин која таа ја шверцувала во канти за поликолор?
43. Ако ги сонуваш убиените покрај Смилковското езеро?
-Ќе те јаде некој „Монструм„
44.Ако го сонуваш новото седиште на партијата?
– Студентите ќе го претворат тоа седиште во студентски дом а тебе ќе ти дадат канцеларија без вода и греење во сегашниот студентски дом „Гоце Делчев во која кога ќе седнеш ќети падне кровот врз глава.
45.Ако го сонуваш Никола Тодоров?
-Тоа значи дека тој лично ќе те оперира, по што сигурно ти нема спас.
46. Ако го сонуваш Спиро Ристовски?
-Ќе одиш на екстерно кај Орбан и кај Ердоган.
47. Ако го сонуваш Споменикот на Цар Самуил?
-Ќе те преместуваат ноќе од Илинденска во Идризово.
48. Ако го сонуваш Коце Трајанов.
-Ќе се бањаш гол на Коцекабана.
49. Ако го сонуваш Томе Аџиев.
-Тоа значи имаш човек од твоите соништа.
50. Ако ја сонуваш Државната комисија за спречување на корупцијата.
– Тоа значи дека имаш невидиена имагинација. Неа никој не ја видел и слушнал до сега.

51. Ако сонуваш дека си уште Премиер.
-Ти само сонувај и понатаму. Немој да се будиш ,бидејќи стварноста е непријатна за тебе.
52. Ако го сонуваш Бубо Каров.
-Значи во Македонија дошла демократија и К-15 прават пак мајтап на сметка на сите политичари.
53. Ако го сонуваш Синодот на МПЦ.
-ќе се чуствуваш непријатно што си во друштво на поголеми криминалци од тебе.
54. Ако ја сонуваш Мајка Тереза.
-Ќе се срамиш многу за криминалот што го правиш „во нејзина чест„.

 

ФБ статус на д-р Ѓори Спасов