Ѓорѓеску: Руте и НАТО се обидуваат да ја започнат Третата светска војна во Украина

од Vladimir Zorba
47 прегледи

Победникот од првиот круг од претседателските избори во Романија, кои во меѓувреме беа поништени, Калин Ѓорѓеску денеска изјави дека НАТО и генералниот секретар на таа воена алијанса Марк Руте се обидуваат да започнат Трета светска војна во Украина.

Во интервју со десничарскиот американски новинар и теоретичар на заговор Алекс Џонс, Ѓорѓеску рече дека Руте се обидува да предизвика почеток на војна преку Романија, пренесува романскиот портал Digi24.

„Генералниот секретар на НАТО Марк Руте се обиде да ги наметне своите правила и да изнуди трета светска војна во регионот, Украина, особено Романија. Ова е најголемата опасност со која се соочуваме. Овие земји имаат само робови на позиции на моќ, а сега има многу малку лидери во светот. Во Романија тие се само марионети и преку нив сега сакаат да и ја наметнат Третата војна на Украина преку Романија, што е можно поскоро“, рече Ѓорѓеску во видео-подкастот на Џонс.

Слични содржини