Кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски, на недешниот настан во Музејот за современа уметност, најави пошумување на градот, 50 мали маалски паркови, интегриран јавен превоз, како и еколошки автобуси. Исто така, Ѓоерѓиевски напомена дека ќе се направи „генералка“ на Скопје во првите 72 часа од мандатот.
Тој најави и целосно реновирање на Универзална сала и киното Милениум, како и воведување програма Град без депонии и еко бригади.
Според Ѓорѓиевски, најдоброто за Скопје допрва доаѓа.
-Пред нас е нова страница – на создавање вредности. Скопје мора да биде град во кој сите ќе живеат убаво. Ова не е само моја патека, туку на сите нас. Стојам пред вас не како политичар, туку како човек кој нема да гледа на мандатот како на личен успех, туку како на обврска кон граѓаните, рече Ѓорѓиевски.