Со потпишувањето на Декларацијата за заедничко делување е направен „историски чекор напред“ во насока на обединување за подобро Шуто Оризари и достоинствено Скопје, објави денеска на својот фејсбук профил кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
– На Шуто Оризари му е доста од хаос, запоставеност и неправда. Доста е граѓаните од оваа општина да бидат третирани како граѓани од втор ред. Време е тоа да се промени. Време е за нова енергија, за достоинство, за развој, време е заедно да создадеме подобра иднина, наведува Ѓорѓиевски.
Како што подвлече, сите партии обединети со ВМРО-ДПМНЕ застануваат зад Ерџан Демир, кандидатот кој, потенцираше, ќе ја предводи промената што Шуто Оризари ја заслужува.