Изјавата на Министерството за надворешни работи на Русија, кое изрази загриженост за наводната употреба на прекумерна сила против “мирните демонстранти” на митингот на опозицијата во Подгорица, само ја потврдува исправноста на премиерот Мило Ѓукановиќ за вмешаноста на Русија во протестите против НАТО, соопшти вечерва Владата на Црна Гора.

01djuk

Во соопштението се вели дека тоа произлегува од фактот што во својата изјава руското Министерството не потсети дека овие “мирни демонстранти” ја нападнаа полицијата со молотови коктели и се обидоа насилно да го окупираат Собранието, и да извршат државен удар, што беше објавено на голем број меѓународни медиуми.

Во соопштението на руското министерство се наведува дека Москва е загрижена поради прекумерна употреба на сила која црногорските власти ја употребија против демонстрантите во Подгорица и ги отфрли обвинувањата против Русија за вмешаноста на Москва во провоцирање на немири во Подгорица.

“Премиерот Мило Ѓукановиќ не изнесе ниту еден конкретен факт за имагинарната руска вмешаност во поттикнување на социјалните тензии во Црна Гора, бидејќи такви докази и нема”, се вели во соопштението на руската страна.

Руското министерството истакнува дека обвинувањата на Ѓукановиќ упатени до Русија се неосновани и не се поткрепени со докази.

Слични содржини