Американската држава Кентаки го отфрли уставниот амандман со кој би биле избришани правата на абортус од државниот устав. Така одлучија гласачите од оваа конзервативна сојузна држава, велејќи „не“ на ваквиот уставен амандман, пренесува агенцијата Associated Press.
„Гласачите во Кентаки јасно ставија до знаење: Нема да отстапиме кога политичарите ќе го бараат нашето право да ги контролираат нашите тела и нашата иднина“, рече Тамара Видер од Planned Parenthooda.
Ова е голема победа за активистите за избор во цврсто конзервативната држава и следува по низата победи на други државни референдуми за ова прашање. Претходно во вторникот, Вермонт, Мичиген и Калифорнија го запишаа правото на абортус во нивните устави.
Меѓутоа, во Кентаки очекуваниот резултат нема да го поништи моменталниот државен закон, кој речиси целосно го забранува абортусот.