„Гласам за воведување на смртна казна“: Карлеуша се огласи за убиството на Вања

од Stefanija Kuzmanovska
550 прегледи

Грозоморното убиство на Вања Ѓорчевска (14) го згрози целиот регион, а сега се огласи и Јелена Карлеуша која нагласи дека е време за најригорозна мерка.

Јелена на Инстаграм ја изрази својата згрозеност поради бруталното убиство и посочи дека гласа за воведување на смртна казна.

Таа на својата приказна на Инстаграм изрази сочувство до нејзината мајка и остатокот од семејството и истакна дека поради се што се случило, а пред се затоа што таткото на Вања е обвинет за учество во грозоморно злосторство, таа е за смртна казна.

„Следам што се случува во Македонија и како мајка на две девојчиња на 14 и 15 години немам зборови да го опишам ова чувство во мене. Поради убиството на малата Вања, поради луѓето кои го направија тоа, поради таткото кој го намести своето дете… Гласам за воведување на смртна казна. Сочувство до семејството, до мајката… Издржете“, напиша Карлеуша.

Слични содржини