
Барак и Мишел Обама размислуваат за купување нов дом во горниот округ на Менхетн во Њујорк, соопштува Page Six. Имотот е вреден 10 милиони долари.
Семејството Обама е забележано како влегува и ја напушта зграда во Менхетен. Податоците за имотот укажуваат на тоа дека е 9-собен стан, кој има договор датиран од 26 септември, што предизвика шпекулации за негово купување.
Самата зграда е 15-катна и била изградена во 1930 година. Таа е дефинирана како „една од најелегантните и софистицираните згради во Њујорк“.
Се одликува со затворено сквош и кошаркарско игралиште, како и персонал за одржување.
Претходно оваа година, семејството на Обама изјави дека го купиле имотот во Вашингтон што го изнајмувале откако ја напуштиле Белата куќа. Цената на имотот изнесуваше 8,1 милиони долари.
Барак и Мишел исто така имаат дом во Хајд Парк во Чикаго и се вели дека се во потрага за дом за одмор. Сепак, портпаролот на семејството рече дека овие гласини не се вистинити.
Разгледајте го луксузниот стан, кој наводно е во сопственост на семејството Обама, еве како тој изгледа во нашата галерија.