Гласините се вистина: Пит Дејвидсон и Каја Гербер се во врска

342 прегледи

Освен по хуморот, комичарот Пит Дејвидсон (25) е познат по својот бурен љубовен живот и врските со бројни познати дами. Беше во врска со пејачката Ariana Grande, потоа раните од раскинувањето со актерката Kate Beckinsale (46) ги лечеше со кратката врска со нејзината колешка Margaret Qualley (25).

Сите мислеа дека Margaret Qualley е неговата нова избраничка, но потоа папараците открија друга вистина. Така неодамна го „уловија“ во друштво на една друга позната дама, манекенката Kaie Gerber (18). Гласините за нивната љубовна врска сега се покажаа како вистинити, пишува Daily Mail.

Парот бил фотографиран за време на вечерно излегување во ресторанот Noba во Малибу, кога по вечерата со автомобил се упатиле во непознат правец. Шушкањата за нивната врска беа се погласни откако двајцата беа видени заедно на ручек во Њујорк.

Овој пат, Дејвид, се обидуваше врската да ја чува во тајност, бидејќи , наводно, актерката Kate Backinsale го оставила поради преголемиот медиумски притисок.

Слични содржини