Гласините за помирување не стивнуваат: Афлек и Гарнер заедно за Велигден

од Љубиша Владимиров
161 прегледи

Бен Афлек го помина Велигден со својата поранешна сопруга Џенифер Гарнер, со што повторно се разгореа гласините за можено помирување. Според американските медиуми, поранешните сопружници во неделата поминале време со нивниот син Семјуел. Бен Афлек и неговиот 13-годишен син беа забележани како го напуштаат пазарот со полни раце претходно во текот на денот, пред Џенифер Гарнер да им се придружи во неговиот домот во Брентвуд, Калифорнија.

Гарнер беше снимена како се оддалечува од резиденцијата на актерот, додека нејзиниот син седеше на совозачкото седиште. Покрај Семјуел, поранешната двојка, со која беше во брак од 2005 до 2018 година, заедно ги има и ќерките Виолет (19) и Серафина (16). Сепак, не е јасно дали тие им се придружиле за време на празниците.
Инаку, Афлек неодамна ја пофали Гарнер, откако беа видени заедно на роденденската забава на Семјуел, каде што делуваа многу блиски.

„Навистина сум среќен што имам навистина добар родител и партнер во Џенифер Гарнер – мајката, која е прекрасна и извонредна – и добро соработуваме,“ изјави тој за медиумите во март оваа година.

Сепак, тогаш кружеа гласини дека Афлек би сакал уште една шанса со Гарнер по неговиот развод со Џенифер Лопез. Но, извор близок до актерот изјави дека тој е свесен оти тоа сега не е реално, бидејќи Гарнер е во врска.

Слични содржини