На Западот му е потребен Алексеј Навални за дестабилизирање на ситуацијата во Русија, смета секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев.
-Овој „активист“ е потребен за дестабилизација на ситуацијата во Русија, за социјални потреси, митинзи и нови „мајдани“. На примерот на Украина, која ја изгуби својата независност во пракса, гледаме до што може да доведе ова“, рече Патрушев за неделникот „АиФ“.
Тој се осврна и на изјавите на украинските политичари кои тврдат дека сите односи со Русија треба да бидат прекинати се додека Москва не го ослободи Навални.
„Лицата, кои сега се на чело на Украина, ги дадоа тие изјави на штета на интересите на сопствениот народ и во согласност со линијата на однесување што беше развиена во странство. Во тоа нема ништо изненадувачки“, рече Патрушев.
Тој исто така посочи дека „активистот“ постојано грубо го кршел рускиот закон, занимавајќи се со големи измами.
„Како државјанин на Русија, тој исто така треба да сноси одговорност за неговата незаконска активност, во согласност со законот“, рече секретарот на Советот за безбедност на Русија.
Рускиот опозиционер Алексеј Навални се врати од лекување од Германија во Русија и беше уапсен на аеродромот Шереметјево во Москва. Му беше одреден притвор во траење од 30 дена, каде ќе чека рочиште на кое ќе се одлучи дали условната казна ќе биде заменета со затвор. Рочиштето е закажано за 29 јануари.