Главна тема на интернет детал од пресот на Џулијани: Што е тоа на неговото лице?

од Stefanija Kuzmanovska
468 прегледи

Претставниците на кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп, како и неговиот личен адвокат Руди Џулијани, одржаа прес конференција на која повторија дека имало изборна измама на претседателските избори. Сепак, корисниците на социјалните мрежи забележаа еден детал од конференцијата што нема никаква врска со пребројувањето на гласовите.

Имено, конференцијата траеше повеќе од еден час, а Џулијани упати обвинувања кон демократите и Џо Бајден. За време на неговиот говор тој започна да се поти, а многумина забележаа дека темна боја протекува по лицето на Џулијани.

Така, сите дојдоа до заклучок дека на 76-годишниот Џулијани му се растекува фарбата за коса.

Да потсетиме, соработниците на Трамп презентираа обвинувања на конференцијата и тврдат дека демократите биле насочени кон големите градови каде се случиле изборните измами, а победата на Бајден всушност била „измама“.

Слични содржини